Администрацијата на Доналд Трамп ја разгледува идејата за воведување хипотекарни кредити на 50 години, со што се верува дека ќе се реши моменталната криза со достапните станови и да се поттикне купувањето на први недвижнини. Но, не е јасно дали таквата хипотека всушност би им заштедила пари на купувачите на долг рок. Оваа идеја ја возобнови Трамп со објавата на слика во која се споредува со поранешниот претседател Франклин Д. Рузвелт, кој ја воведе 30-годишната хипотека, пишува Форбс.срб.
Просечната цена на продадените домови во САД била 410.800 долари, според податоците од Федералните резерви во Сент Луис. Просечната возраст на купувачите на прв дом, се искачила на 40 години.
Просечната 30-годишна хипотекарна стапка во последната недела изнесува 6,22%. Во споредба со просечната стапка од 5,5% за 15-годишна хипотека. Не е јасно која би била каматната стапка за 50-годишен кредит. Но, дури и ако стапката остане иста како кај 30-годишна хипотека, купувачите би плаќале незначително помалку секој месец.
Месечната рата за 50-годишна хипотека со иста стапка би изнесувала 2.006,60 долари. Купувачот би платил 600 месечни рати, во вкупен износ од над 1,2 милиони долари, вклучувајќи повеќе од 834.000 долари камата.
Хипотекарните кредити на 50 години не се нови. За оваа идеја особено се зборуваше во годините по пандемијата, особено во годините со висока инфлација.
Основниот принцип зад оваа идеја е да се вклучат повеќе млади луѓе на пазарот на недвижности, односно купувачи на нивниот прв стан. Продолжувањето на рокот на отплата на 50 години би имало двојна улога. Прво, за оние на кои им е потребен, подолгиот рок би го намалил износот на месечната рата. Од друга страна, за оние на кои пониската месечна рата не им е приоритет, подолгиот рок би им овозможил да купат повреден имот.
Сепак, ризикот е присутен. Подолгиот рок на отплата го зголемува вкупниот износ на пари што би се исплатиле. Како и со другите кредити, во случај лицето да почине пред да го отплати целиот кредит, тој би можел да се пренесе на наследниците. Што е многу поизвесно во овој случај.
Дополнителен неповолен ефект е што ваквите кредити би го „заробиле“ капиталот достапен на пазарот на долг рок. Проценките се дека ваквите долги кредити би можеле вештачки да ги одржат цените на недвижностите на повисоко ниво.
Предвремената отплата очигледно би била многу скапа. Иако им отвора врата на помладите луѓе, кредитот би бил помалку достапен за постарите луѓе и тие остануваат стандардни кредити.
Еден од ризиците е отплатата по пензионирањето кога приходите се намалуваат.
Кредитите за домување од 50 години не се разгледуваат само во Америка. Тие станаа неопходност и во другите развиени земји. Главната причина е скапиот недвижен имот и недостапноста за пошироки категории на население.
Критичарите на оваа идеја нагласуваат дека ваквите долги заеми не ја решаваат коренската причина за проблемот. И тие веруваат дека е потребно да се најдат решенија за поповолна градба и повеќе градба, а не за подолго кредитирање, пишува Форбс.
Фото Економија и бизнис