Бизнис
ВО СЕПТЕМВРИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НАМАЛЕН БРОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ
11.11.2025
Во септември годинава во земјава се евидентирани 132 999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75,4 % се странски. Од вкупно 262 686 ноќевања, 31,8 % ги оствариле домашните туристи, а 68,2 % странските.
Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8 %. Кај домашните туристи има намалување за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 9,6 %.
Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 0,9 %. Кај домашните туристи има намалување за 3,8 %, а кај странските зголемување за 7,0 %.
Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32 950, од Србија 8 830, од Германија 6 615 и од Полска 3 577.
Бројот на туристи во септември 2025 година во однос на септември 2024 година се намалил за 1,4 отсто. Намалувањето на домашните туристи во септември е за 1,2 отсто, а на странските за 1,4 отсто.
Фото Економија и бизнис