Финансии / Банкарство

БУГАРСКИТЕ БАНКИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕМИН ОД ЛЕВОВИ НА ЕВРА

Бугарските банки денес потврдија дека сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година, што официјално го означува почетокот на транзицијата на земјата кон заедничката европска валута.

Никола Бакалов, член на Управниот одбор на Здружението на бугарски банки, изјави дека граѓаните ќе можат да подигаат евра директно од банкоматите од првото утро од следната година, објавува порталот „Новините“.

Граѓаните кои имаат големи количини бугарски лева во готово можат да ги уплатат на своите сметки.

Депозитите автоматски ќе се конвертираат во евра по официјалниот курс од 1,95583 лева за евро, на полноќ помеѓу 31 декември и 1 јануари. Овој пристап им овозможува на граѓаните без напор и бесплатно да ги менуваат своите левови за евра.

Конверзијата ќе биде бесплатна дури и по 1 јануари и по истиот фиксен курс, но граѓаните не треба да чекаат до последен момент поради гужвите, истакна Бакалов.

До крајот на годината, нагласи тој, бугарскиот лев ќе остане официјална валута во Бугарија, а сите трансакции и плаќања можат безбедно да се вршат во лев.

Исчезнувањето на трошоците за конверзија ќе им заштеди на компаниите околу една милијарда лева годишно.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано