Бизнис

Грција со највисока стапка на луѓе кои субјективно се перцепираат себеси како сиромашни

Најновиот извештај на Евростат покажува дека во 2024 година, 17,4 проценти од жителите на Европската Унија се сметале за „субјективно сиромашни“, додека во Србија тој удел изнесувал 34 проценти.

Иако ова значи дека една третина од граѓаните сè уште се чувствуваат финансиски загрозени, во последните десет години Србија речиси ја преполовила стапката на субјективна сиромаштија  од 64,6 проценти во 2014 година на 34 проценти во 2024 година, што е меѓу најдобрите резултати во Европа, според анализата на Иван Николиќ, научен соработник на Економскиот институт во Белград, објавена во најновото издание на „Макроекономска анализа и трендови“.

Субјективната стапка на сиромаштија е статистички индикатор кој мери како поединците ја перцепираат сопствената финансиска и материјална состојба и се пресметува од анкети и статистички податоци за приходите и животниот стандард во сите земји од ЕУ, ЕФТА и земји-кандидатки.

„Методолошки, индикаторот за субјективна сиромаштија е развиен со идеја да се дополнат добро познатите и традиционални индикатори за сиромаштија, како што се: ризик од сиромаштија, сериозна материјална и социјална депривација, бројот на луѓе кои живеат во квази-домаќинства без вработени и слично. Субјективната сиромаштија е концепт развиен врз основа на годишната променлива од анкетата EU-SILC13 „Способност за врзување крај со крај“, наведува Николиќ.

За разлика од мерката за релативна сиромаштија, индикатор за стапката на ризик од сиромаштија (која се пресметува врз основа на рангирање на приходите на домаќинствата на национално ниво), целта на субјективната сиромаштија е да се процени перцепцијата на испитаниците за тешкотиите со кои се соочува нивното домаќинство во врзувањето крај со крај.

Меѓу европските земји, минатата година Грција имаше убедливо највисока стапка на луѓе кои субјективно се перцепираат себеси како сиромашни од 66 проценти. Најниски стапки се забележани во Германија и Холандија (по 7,3 проценти). За целата ЕУ, просекот е 17,4 проценти, додека во 20-те земји од Еврозоната просекот е незначително повисок од17,6 проценти.

На рангирањето од 35 земји, Србија го зазеде 30-то место, со 34 проценти од луѓето кои мислат дека се сиромашни. Освен Грција, Бугарија е уште една земја од ЕУ чие население сè уште субјективно се перцепира себеси како посиромашно од Србија, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано