Општество
Mодерен систем за управување со трошењето електрична енергија - донација на Шпаркасе Банка
12.11.2025г
Инвестираме во иднината – поддршка за одржливо образование!
🌱 Во рамки на платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, Шпаркасе Банк со гордост ја реализираше донацијата за поставување модерен систем за управување со трошењето електрична енергија во ООУ „Наум Наумовски Борче“, Скопје. На настанот присуствуваа Zlatica Civkaroski, Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, Министерката за енергетика, Sanja Bozinovska, Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, Директорката на ООУ „Наум Наумовски Борче“, Елизабета Темелковска, претставници од училиштето, наставници и ученици.
„Драго ни е што преку оваа донација можеме да придонесеме кон создавање на посовремена и поодржлива училишна средина. Веруваме дека секоја инвестиција во образованието е инвестиција во иднината, а иднината се младите.“ - изјави Zlatica Civkaroski, Член на УО на Шпаркасе Банка
Со оваа иницијатива придонесуваме кон создавање на поефикасна и поодржлива училишна средина, со подобри услови за учење и развој, велат од Шпаркасе Банка.
✨ Sparkasse Life продолжува да ги обединува активностите кои ја поддржуваат заедницата – преку грижа за животната средина, образованието, културата, спортот и хуманитарни проекти.
#SparkasseLife #ШпаркасеБанка #ВерувајВоИднината