Lifestyle
СО КОЛКУ ПРИХОД СЕ ВЛЕГУВА ВО ГРУПАТА НА БОГАТИ СЕМЕЈСТВА ВО ЕВРОПА!
12.11.2025
Колку треба да заработите за вашето семејство да се смета за богато? Врз основа на податоците на Евростат за нето-приходот на најбогатите 10 проценти од населението во Европа, германска компанија Buchhaltungsbutler го пресметаа прагот на богатство за семејство од три члена, со штоспоред просекот во Европа, мора да има најмалку 71.000 евра годишно за да биде меѓу најбогатите 10 проценти од населението.
Во Германија, таа граница е 93.000 евра годишно нето, што го рангира на седмото место во Европа.
На врвот на листата се: Луксембург со 175.000 евра, Норвешка со117.319 евра, Данска со 105.365 евра. На крајот од листата се: Турција со19.000 евра, Србија со 20.518 евра и Романија со 25.117 евра
Истражувањата покажуваат дека вистинското чувство за богатство не зависи од приходите, туку и од трошоците за живот. Кога се зема предвид куповната моќ, Германија скокнува од седмото на четвртото место, бидејќи нејзините најбогати граѓани можат да си дозволат стоки и услуги во вредност од околу 85.000 евра годишно – повеќе отколку во Данска (73.000 евра) или Холандија (82.000 евра).
Во Турција, каде што цените се пониски, приходот од 19.000 евра нето, во реални услови вреди 46.000 евра куповна моќ. Од друга страна, во Србија (30.000 евра), Романија (25.000 евра), Словачка (31.000 евра) и Унгарија (33.000 евра), најбогатите луѓе имаат најниска реална куповна моќ во Европа, пренесува Телеграф.
Фото Економија и бизнис