Бизнис

ПОРАСТ НА СВЕТСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ВИНО, Франција и Шпанија годинава со намалено производство

Светското производство на вино би требало да се подобри во 2025 година, а Италија повторно ќе се најде на врвот на светската ранг-листа, според проценките на Меѓународната организација за лозарство и вино (OIV). Годинава, 232 милиони хектолитри вино би требало да се произведат низ целиот свет, што е три проценти повеќе од минатата година, според првите проценки на ОИВ, пренесува Пословни дневник.

Производството во Европската Унија би требало само малку да се подобри, со произведени 140 милиони хектолитри вино, што е два проценти повеќе отколку во 2024 година.

Италијанското производство ќе се зголеми за осум проценти оваа година, на 47,4 милиони хектолитри.

Француското производство би требало да се намали за еден процент, на 35,9 милиони хектолитри, што е најниско ниво од 1957 година.

Шпанија, би требало да падне на најниско ниво за 30 години и да произведе 29,4 милиони хектолитри вино.

Групата земји од Централна и Југоисточна Европа забележа релативно обилна берба,  со приноси на или над петгодишниот просек.

САД треба да го заземат четвртото место на светската ранг-листа со произведени 21,7 милиони хектолитри вино, три проценти повеќе отколку во 2024 година, но далеку под петгодишниот просек.

Јужната хемисфера треба да забележи посилно закрепнување, со раст на производството за седум проценти, по тригодишен период на лоши резултати.

Повисокото производство во Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и Бразил ќе го компензира падот во Чиле, но регионот како целина ќе остане за пет проценти под просекот, покажуваат податоците на ОИВ.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано