Бизнис
АЛБАНИЈА НА 17 НОЕМВРИ ЈА ОТВОРА ПОСЛЕДНАТА ГРУПА НА ПОГЛАВЈА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ
13.11.2025
На 17 ноември ќе се одржи заедничка конференција на Албанија со ЕУ за отворање на последната група поглавја од преговорите со Европската Унија, објави премиерот Еди Рама.
Албанија го постигна незамисливото, сите поглавја од преговорите беа отворени во рок од 12 месеци, што е апсолутен рекорд во процесот на европска интеграција, напиша Рама во објава на Фејсбук.
Тој посочи дека ништо не ја спречува Албанија да ја постигне својата главна цел, а тоа е завршување на преговорите до 2027 и полноправно членство до 2030 година.
Никој не може да нè спречи да ја постигнеме главната цел за затворање на преговорите во 2027 година. Бидејќи покрај тешкотиите, пречките, неизбежните штети, во искачувањето на ова историско искачување, ние ја развиваме и зајакнуваме Албанија месец по месец, истакна Рама, пренесува МИА.
Фото Економија и бизнис