Бизнис

Темелкоски: Градиме доверба преку стандардите

Македонското сертификациско тело Интерцерт, формирано во 2016 година, е единственото домашно тело акредитирано и преку европска акредитација од Чешкиот институт за акредитација, што ги прави неговите сертификати меѓународно признати. „Не ‘печатиме’ сертификати – им помагаме на организациите да ги користат стандардите како алатка за реален напредок и раст,“ вели директорот Васко Темелкоски, во интервју за Економија и бизнис посочувајќи дека најбарани се ИСО 9001, 27001, 22000 и 37001.

Интерцерт денес има присуство и во Англија, САД, Косово и Србија, а целта е да стане препознатлив регионален и меѓународен бренд од Македонија. Темелкоски нагласува дека довербата е „највредната валута“ во деловниот свет и ги охрабрува компаниите да им даваат предност на домашните сертификациски тела, со што директно придонесуваат за јакнење на македонската економија и професионализам.


Целото интервју од печатеното издание прочитајте го на ЛИНКОТ

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано