Економија

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГРАДИ ПРВА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА СО МАЛИ МОДУЛАРНИ РЕАКТОРИ

Велика Британија објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна централа со мал модуларен реактор (SMR), додека продолжува со плановите за проширување на нуклеарната инфраструктура на земјата.

Владата во јуни објави дека ќе потроши 2,5 милијарди фунти (2,8 милијарди евра) за СМР, кои се поевтини и побрзи за изградба од големите нуклеарни централи, со цел зголемување на енергетската безбедност и помагање во исполнувањето на климатските цели.

Првата нуклеарна централа од ваков вид треба да се изгради на  северниот брег на велшкиот остров, со што ќе се отворат до 3.000 работни места. Вкупната инвестиција се проценува на милијарда фунти. Електраната ќе ги има првите три мали модуларни реактори  во Велика Британија, иако на локацијата  би можеле да се сместат до осум.

Изградбата треба да започне следната година со цел производство на енергија да почне до средината на 2030-тите.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано