Бизнис
Бизнисите сè повеќе се потпираат на предиктивна аналитика за подобри резултати и помал ризик
14.11.2025г
Секторите како е-трговија, финансии и производство забележуваат значителни користи од предиктивната аналитика, покажува нова анализа. Моделите што ги следат трендовите и однесувањето на корисниците – од продажни шеми до ризик од измами – им помагаат на компаниите навреме да реагираат и да избегнат загуби. Примерите покажуваат дека онлајн продавници откриваат зошто корисниците ја напуштаат кошничката, банките идентификуваат клиенти со висок ризик, а фабриките предвидуваат кога машините ќе откажат.
Овој проактивен пристап им овозможува на организациите да го оптимизираат работењето, да ги подобрат услугите и да донесуваат одлуки базирани на сценарија, а не на претпоставки. Во услови на брзи пазарни промени, предвидувањето станува главна конкурентска предност.
Целата анализа на професорката Цветкоска, прочитајте ја на ЛИНКОТ