Бизнис
Објавен повик за аплицирање за наградите „Предводници на одржливиот развој“
14.11.2025г
Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија објави повик за аплицирање за наградите „Предводници на одржливиот развој“, кои имаат за цел да ги истакнат најдобрите практики и иновации на компаниите во Северна Македонија. Наградите се национално признание за најдобрите практики и иновации коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество и ги истакнуваат и одликуваат компаниите кои преку конкретни иницијативи и проекти прават значајни чекори кон одржлив развој, општествена одговорност, ESG и позитивна трансформација на заедницата.
Награди се доделуваат во 8 категории:
- - Награда за климатска акција и зачувување на природата
- - Награда Партнерства за одржлив развој
- - Награда Бизнис и човекови права
- - Награда Добри соседи
- - Награда за благосостојба на вработените
- - Награда за придонес кон квалитетното образование и искоренување на сиромаштијата
- - Награда за одговорен производ или услуга
- - Повелба Горан Лазаревски за заслуги кон одржливиот развој
Сите детали за процесот на аплицирање, формулари за аплицирање, како и дополнителни информации за повикот се достапни на веб страната на Конект на <<македонски>> и <<албански>> јазик.
Рок за аплицирање:
- - Апликации за наградите се примаат најдоцна до 28 ноември 2025 година.
- - Учеството е бесплатно, а една компанија може да аплицира во повеќе категории.