Општество
Сојузниот министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија во посета на државите од Западен Балкан
14.11.2025г
Германскиот министер за надворешни работи, д-р Јохан Вадефул ќе ја започне својата посета на државите од Западен Балкан на 16 ноември. Ќе се посетат Сараево, Подгорица, Тирана, Белград, Приштина и Скопје. Тука вечерта на 18 ноември, министерот д-р Вадефул го завршува своето патување, на кое ќе биде придружуван од пратеници на германскиот Бундестаг. Посетата се надоврзува на средбата на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес и потенцира дека земјите од Западен Балкан претставуваат приоритет во надворешната политика на Германија.