Бизнис
ПОВЕЌЕТО ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА НЕ ПЛАНИРААТ ДА КУПАТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ
14.11.2025
Европската Унија планира да ја забрани продажбата на нови возила на фосилни горива до 2035 година, но 51,5 проценти од возачите моментално не планираат да купуваат електрични автомобили.
Многу влади нудат разни финансиски стимулации за преминување на електрични возила, но продажбата опаѓа штом ќе истечат тие стимулации, покажува истражувањето на carVertical.
Истражувањето покажа дека четири од пет купувачи сè уште избираат бензински или дизел автомобили.
Кога беа прашани за видот на гориво што го претпочитаат, 43,8 проценти од испитаниците во анкетата избраа бензин, 38,9 проценти дизел, 10,4 проценти хибрид и 5,6 проценти електричен погон.
Повеќе од половина од испитаниците (51,5 проценти) велат дека не би купиле електричен автомобил во моментов, додека само 12,2 проценти би одлучиле да купат.
Останатите 36,3 проценти се неодлучни и мислат дека би можеле да го купат во иднина, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис