Економија

ТРОШОЦИТЕ ЗА ГЛОБАЛНИОТ УВОЗ НА ХРАНА СЕ ПОВИСОКИ ЗА ОСУМ ОТСТО, највисоки трошоци има во земјите со најниски приходи

Трошоците за увоз на храна се зголемија силно оваа година, а приближно една петтина од вкупниот износ е составен од средства за овошје и зеленчук, како што пресмета агенцијата за храна на ОН, ФАО.

Во 2025 година, глобалните трошоци за увоз на храна ќе бидат речиси осум проценти повисоки од минатата година и ќе достигнат 2,22 трилиони долари, највисоко ниво откако ФАО води евиденција.

Во 2024 година, тие пораснаа за 3,6 проценти, малку надминајќи два трилиони долари, покажа извештајот на ФАО објавен во јуни, првенствено поради зголемените трошоци за увоз на кафе, чај и какао.

Најсилно процентно зголемување на трошоците ќе забележат земјите со најниски приходи, предвидува агенцијата на ОН, со  58 проценти повисоки трошоци за увоз на животински масти и растителни масла, и поради поголемиот обем на увоз и повисоките цени, особено палминото масло.

Трошоците за увоз на кафе, какао, чај, зачини и сродни производи оваа година ќе бидат дури 35,4 проценти повисоки од минатата година, според агенцијата на ОН за храна и земјоделство, и ќе изнесуваат 254 милијарди долари.

Глобалните трошоци за увоз на месо и риба ќе бидат за 8,4 и 9,6 проценти повисоки оваа година отколку минатата година, додека вредноста на увозот на овошје и зеленчук ќе скокне за 7,6 проценти, благодарение на стабилната побарувачка на пазарите на земјите со високи и средни приходи, предвидува ФАО, пренесува Сеебиз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО