Економија

ОГРОМЕН ПАД НА КИНЕСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СРБИЈА

Нето-приливот на странски директни инвестиции (СДИ) во Србија за седум месеци од оваа година, според билтенот за јавни финансии на Министерството за финансии, изнесувал 1,258 милијарди евра, што е намалување од 55,3 проценти во споредба со истиот период лани.

Во исто време, евидентиран е нето-одлив на портфолио инвестиции во износ од 450,5 милиони евра.

СДИ во износ од 1,3 милијарди евра продолжиле да пристигнуваат од Европа, според податоците од Народната банка на Србија.

Кина издвои 48 милиони евра за инвестиции во Србија оваа година, додека претходно таа бројка обично изнесуваше над една милијарда евра. Според податоците на НБС, во периодот 2010-2023 година, во Србија пристигнале 5,54 милијарди евра СДИ од Кина.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО