Бизнис

ГД Гранит АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првите 9 месеци од 2025 година

Вкупни приходи

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари - Септември 2025 година изнесуваат 2.259.704 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 25%.

Приходите од продажба за периодот Јануари - Септември 2025 година изнесуваат 2.004.971 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 30%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2023 година или во текот на 2024 година, додека нови проекти сеуште се во тендерска процедура.

Финансиските приходи за периодот Јануари - Септември 2025 година изнесуваат 150.248 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат зголемување за 35% како резултат на повисокиот износ на добиена дивиденда од акции кои ги поседува друштвото.

Вкупни расходи

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари - Септември 2025 година се во износ од 2.100.041 илјади денари, споредено со истиот период 2024 година бележат намалување за 27% и истото е соодветно на намалувањето на приходите од продажба.. 

Во периодот Јануари – Септември 2025 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 159.032 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 67.959 илјади денари, и е помала од добивката пред се поради останатата сеопфатна загуба во износ од 91.074 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2025 година.

Сметководствени политики и методи  на вреднување

Во периодот на известување во 2025 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во консолидираните финансиски извештаи на ГД Гранит АД.

Дивиденда

Во периодот Јануари – Септември 2025 година, е одржано Годишното Собрание на акционери за 2024 година на 26.05.2025 на кое се одлучувало за распределба на дивиденда за 2024 година и истата изнесува 105.267.752 денари или 38 денари бруто по една акација.

Исплатата на оваа дивиденда за сите акционери кои имат доставено податоци за нивните трансакциски сметки се изврши до 30.09.2025 година.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства  во периодот Јануари - Септември 2025 година  изнесуваат 184.205 илјади денари, од кои најголем дел во механизација и опрема кои се финансирани од комерцијалните банки преку унгарски подкредит.

Очекувањавопрестојниотпериод

Со оглед на вкупната економска состојба во државата очекувањата за наредниот период се добивање на нови проекти од областа на градежната инфраструктура преку нови тендери и побрзо завршување на постоечките тендерски процедури.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано