Бизнис

Земјоделците можат да поднесуваат барања за поддршка на органското производство за 2025 година

До 25 декември земјоделците можат да поднесат барања за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2025 година. Може да се поднесе барања за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно сточарско и растително потекло (поддршка од 10% од вредноста на произведените и продадени производи, до 150.000 ден. по оператор и 30.000 ден. по сертифициран органски производ од растително и сточарско производство, за не повеќе 5 преработени производи), за трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло (5% од вредноста на продадените производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор), за посебни директни плаќања за стручна контрола и сертификација (50% од трошоците за добиен сертификат издаден од овластено тело во 2025 година), како и за посебни директни плаќања за анализа на производ кај земјоделски стопанства (80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000 денари по земјоделско стопанство и/или откупувач).

Дополнителни директни плаќања, има за подмерките: 


- 1.2 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“ (за пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар);
- Подмерка 1.5 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.3. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“ (3 денари по килограм за сите градинарски култури освен за пиперката од сорта куртовска капија каде што изнесува 4 денари односно 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2025 година и ноември-декември 2025 година);
- Подмерка 1.7 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.6. за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи“ (3 денари по килограм за сите овошни култури освен за малина и лешник каде поддршката изнесува 5 денари по килограм и за јаболка каде поддршката изнесува 2 денари по килограм);
- Подмерка 2.15 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 2.14 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици“ (2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици);
- Подмерка 2.16 „Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“.

Барањата се поднесуваат електронски преку www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции, но граѓаните можат да се обратат и во подрачните единици на Министерството, пренесува МИА.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано