Финансии / Банкарство

ЕЦБ: Банките во еврозоната се робусни, но постојат ризици

Големите банки во еврозоната се добро позиционирани да се справат со кризи, со робусни резерви на капитал и ликвидност, оцени Европската централна банка (ЕЦБ).

Во годишната проверка на стабилноста на банкарскиот сектор, ЕЦБ изјави дека банките се профитабилни, иако работат во неповолни околности, вклучувајќи геополитички ризици, нови модели на конкуренција поради дигитализацијата и конкуренцијата од виртуелните банки. 

„Сето ова диктира навремена проценка на ризикот и доволна отпорност“, соопшти ЕЦБ.

ЕЦБ редовно ја разгледува одржливоста на деловниот модел и управувањето со ризиците на големите банки како дел од Процесот на надзорен преглед и евалуација (SREP).

SREP, меѓу другото, ја одредува капитализацијата на поединечните банки и го ограничува износот на дивиденди што им се исплаќаат на акционерите.

Надзорот на банкарскиот сектор е една од лекциите од глобалната финансиска криза во 2008 година. ЕЦБ директно ја проверува состојбата на 105 големи банки во еврозоната, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано