Економија

Најтргувани акции на Македонската берза минатата недела – Неделен извештај за периодот 17.11.2025 до 21.11.2025г.

Според вредноста на остварениот промет, минатата недела, во периодот од 17.11.2025 до 21.11.2025 година, на Македонската берза на хартии од вредност најтргувани беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 28,4 милиони денари или околу 464,4 илјади евра (38 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид Скопје со вкупен промет од 18,5 милиони денари или околу  301,8 илјади евра (24,7 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Макпетрол Скопје со 8,9 милиони денари или околу 145,2 илјади евра (11.9 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 6.7 милиони денари или околу 109,2 илјади евра и акциите на Реплек Скопје со промет од 3,3 милиони денари или околу 54,6 илјади евра.

 

Во истиот период беше остварен вкупен промет (на официјален + редовен пазар) од 75,01 милиони денари или околу 1,21 милиони евра. Овој промет беше реализиран преку 305 трансакции од кои 302 беа на официјалниот пазар, а само 3 трансакции беа остварени на редовниот пазар.

Минатата недела на официјалниот пазар беа реализирани две блок трансакција со акциите на Макпетрол (се истргуваа 126 акции за 14,69 милиони денари) и една блок трансакција со акциите на Реплек Скопје со која се истргуваа 250 акции за 3,97 милиони денари.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано