Бизнис

ДОМАЌИНСТВАТА И ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ (НАЈ)ГОЛЕМИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ВО СРБИЈА

Во Србија, бројот на купувачи-производители на електрична енергија се зголемил за 61 процент во последната година, објави  Здружението на обновливи извори на енергија на Србија.

Во регистарот на потрошувачи на Електродистрибуција Србија моментално се евидентираат 5.832 потрошувачи со вкупна инсталирана моќност од повеќе од 120,38 MW, додека минатиот ноември во регистарот беа запишани 74,8 MW.

Најбројна категорија потрошувачи се домаќинствата, каде што е забележан раст од повеќе од 50 проценти за една година.

Во оваа категорија има 4.248 потрошувачи, со инсталирана моќност од 35,48 MW, што претставува раст од 55,1 процент во бројот на корисници и раст од 55,3 проценти во инсталираниот приклучок во споредба со минатиот ноември.

OИЕ Србија наведува дека овој скок укажува на зголемениот интерес на граѓаните за производство на електрична енергија од обновливи извори, главно преку соларни панели.

Војводина е предводник по бројот со 1.547 регистрирани корисници, што е 36,42 проценти од вкупниот број.

Верските објекти исто така активно учествуваат во енергетската транзиција, со вкупна моќност на сончевите електрани од 389,59 kW, додека најголем потрошувач меѓу верските објекти е манастирот Жича со инсталирана моќност од 50 kW, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано