Економија

Николоски: За само една година обезбедивме 21 нова авионска дестинација, наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид

Министерот за транспорт Александар Николоски, во гостувањето на Канал 5 телевизија во „Само Интервју“ вечерва истакна дека во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром.

-20% раст имаме на туризмот од изборот на оваа Влада. Ние правиме многу во делот на привлекување на туристи, за само една година обезбедивме 21 нова дестинација кон скопскиот и охридскиот аеродром, Аустриан ќе лета редовно Виена-Охрид, што дополнително ќе го поврза градот со цела Европа, рече Николоски.  

Николоски, се вели во соопштението, се осврна и на капацитетите за сместување на туристи.

-Хотелските комплекси кои ги имаме во Македонија со исклучок на неколку објекти во Скопје, се од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. За да се изгради еден хотел, потребно е да се донесе цел детален урбанистички план. Мислам дека мнозинството е тивко и мнозинството ова го поддржува и мора да ја олесниме процедурата. За изградба на хотели не за апартмански комплекси, не за апартмани за продавање, исклучиво за хотели тоа е таканаречена Б5 категорија и дури еве можеме да се договориме, тоа да може да се прави за инвестиција којашто ќе е над Х вредност, кажа Николоски. 


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано