Општество
НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ ВО МАКЕДОНИЈА, помалку склучени, а повеќе разведени бракови
28.11.2025
Помалку склучени, а повеќе разведени бракови, објави Државниот завод за статистика во третото тримесечие од годинава.
Во овој квартал склучени се 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 година.
Регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.7 % во однос на лани
Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3,7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0,5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се починати доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Фото Економија и бизнис