Финансии / Банкарство
МФ: Граѓанска обврзница може да се запише во сите деловни банки во земјата
28.11.2025
Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава.
Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата.
Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.
Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со купување на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанската обврзница е со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка е 4,5% годишно.
Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
Фото Економија и бизнис