Бизнис
ПРЕКУГРАНИЧНИ ПРОЕКТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЗА КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВ РАСТ НА ТУРИЗМОТ
01.12.2025
Промоција, со која ќе се означи почеток на реализација на два проекти одобрени во рамки на првиот повик од ИПА 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, ќе се одржи денеска во Оперативен и тренинг центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. На настанот ќе бидат потпишани договори за национално кофинансирање меѓу носителите на проектите и Министерството за локална самоуправа.
Во рамки на настанот, како што информира Министерството за локална самоуправа, ќе биде потпишан и Договорот за Партнерство за „Техничката Помош на Програмата за Прекугранична Соработка Северна Македонија–Албанија во рамките на финансиската алокација за 2023 година".
На настанот ќе се обратат министерот за локална самоуправа Златко Перински, евроамбасадорот Михалис Рокас, генералниот директор на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош во Република Албанија Еридана Чано, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.
Овие проекти, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава, промовираат одржлив регионален развој, заштита на животната средина и безбедност на заедницата, додека го зајакнуваат соработката во и меѓу локалните заедници преку границата. Тие исто така имаат за цел да изградат регионални капацитети за одржлив раст на туризмот. Вкупната сума на овие проекти е повеќе од 1,6 милиони евра.
Од Делегацијата потсетуваат дека ова е една од петте програми каде Северна Македонија е вклучена со своите соседи. Оваа програма има за цел да го подобри прекуграничната соработка и да го поттикне регионалниот развој. Овој пакет финансирање од ЕУ во висина од околу 12 милиони евра е дизајниран да ги поддржи проектите што промовираат економски раст, одржливост на животната средина и социјална интеграција во двете држави. Со инвестирање во стратешки партнерства и проекти водени од заедницата, ова финансиска помош има за цел да донесе трансформативни промени, да ги олесни заедничките цели и да ги продлабочи врските меѓу соседните заедници, пренесува МИА.
Фото Економија и бизнис