Финансии / Банкарство

Кои се најголеми добитници/губитници на Македонската берза минатата недела?

Во периодот 24.11.2025 – 28.11.2025 на Македонската берза на хартии од вредност вкупно на сите пазари (официјален и редовен пазар) беше остварен вкупен промет од 79,9 милиони денари или околу 1,3 милиони евра. Во однос на неделата пред оваа, ова е зголемување за 6,6 %. Најголем промет од 29,2 милиони денари или 475,3 илјади евра беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка Скопје (36,5 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции беа акциите на Макпетрол Скопје со 20,8 милиони денари или околу 338,5 илјади евра (26 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Алкалоид Скопје со 16,5 милиони денари или околу 269,7 илјади евра (20.7 % од вкупниот промет). Првата петорка за изминатава недела се заокружува со акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 4,5 милиони денари или околу 74 илјади евра и со акциите на Гранит Скопје со промет од 2,6 милиони денари или 43,4 илјади евра.

Во однос на цената зголемување на вредноста минатата недела имале акциите на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје од 4.55 %, Комерцијална банка Скопје 1.83 % и на Стопанска банка Скопје од 0,04 %.

 

Намалување пак на вредноста изминатата недела бележиме кај акциите на Македонијатурист Скопје, Макпетрол Скопје и Алкалоид Скопје. Цената на нивните акции се намали за 0,95 %, 0,86 % и 0,41 %, соодветно.

 

Прометот на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен со 315 трансакции со кои се истргуваа вкупно 9 262 акции и 1 223 обврзници.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано