Бизнис
ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 10 ИЛЈАДИ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА, НАЈМНОГУ ВО ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА И ТРГОВИЈА
01.12.2025
Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2,02 % или 10 033 работни места, а најголем број слободни работни места, 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања, објави Државниот завод за статистика.
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,53 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,22 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70 %.
Во преработувачката индустрија бројот на слобиодни работни места изнесува 2 393, во трговијата 1830 , во образованието 730, воп администативните служби 867 и во градежништвото 705 слободни места.
Главни поенти
Највисока стапка на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година имаат
- Вардарскиот Регион: 2,53 %
- Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 2,70 %
Фото Економија и бизнис