Финансии / Банкарство
Нови пакети за здравствено патничко осигурување
Триглав Осигурување ги воведе Travel Smart и Travel Smart Plus
01.12.2025г
Travel Smart и Travel Smart Plusсе новите пакети за здравствено патничко осигурување, кои што Триглав Осигурување започнува да ги нуди на своите клиенти денес.
Travel Smart и Travel Smart Plus се дизајнирани да понудат флексибилна, достапна и сигурна заштита за секој вид патување. Со новата понуда, клиентите добиваат можност сами да го креираат нивото на заштита, да одберат територијално покритие и да вклучат дополнителни покритија, со што осигурувањето го прилагодуваат на нивните вистински потреби.
Новото здравствено патничко осигурување овозможува избор на три територијални покритија – Соседни земји, Европа и Свет, а клиентите можат да го изберат пакетот и нивото на заштита што им е потребно:
- Пакет Travel Smart, со покритие до 30 000 евра – исплатливо решение за патниците со стандардни потреби за заштита, кои бараат основно покритие по прифатлива цена;
- Пакет Travel Smart Plus, со покритие до 50 000 евра – проширена заштита, со повисоки лимити и повеќе можности за надградба.
Покрај основните покритија, клиентите имаат можност да изберат и да додадат и некое од новите, дополнителни покритија:
- Покритие осигурување од незгода – финансиска заштита во случај на траен инвалидитет или смрт од незгода, што може да се случи за време на патувањето,
- Покритие за пропуштен настан – ги штити патниците од финансиски загуби, кога не се во можност да присуствуваат на однапред закажани настани, за кои што претходно купиле карта, како што се концерти, фестивали, спортски настани или изложби, поради настаната незгода или болест, при што осигуреникот е хоспитализиран,
- Ски пакет за рекреативни скијачи и сноубордисти – овој дополнителен пакет клиентите можат да го изберат во рамки на пакетот Travel Smart Plus. Нуди покритие на трошоци за лична одговорност, како и трошоци за неискористеност на ски карта и изнајмена ски опрема во случај кога осигуреникот е хоспитализиран повеќе од три дена, поради претрпена незгода,
- Покритие на патни трошоци за предвремено враќање дома – покритие на патни трошоци за предвремено враќање дома поради загуба на близок член на семејството,
- Покритие на патни трошоци за враќање на деца - враќање на деца до 14 години дома во случај кога ќе останат без грижа поради незгода, болест или смрт на осигуреникот.
Со новите пакети, патниците добиваат ниво на сигурност што обезбедува вистинска поддршка во клучни моменти: можат да изберат повисоко покритие за лекување во странство – до 50.000 евра, без под-лимити за медицинските трошоци. Производот нуди и дополнителен бенефит – 50% попуст за децата до 18 години, што ги прави патувањата попристапни за семејствата. За оние кои патуваат почесто, тука е можноста за полиса со повеќе влезови за целиот свет, додека патувањата во соседните земји стануваат уште поекономични, благодарение на пониската премија. И, секако, љубителите на зимските авантури можат да го надградат осигурувањето со Ски пакет – идеално решение за рекреативни скијачи и сноубордисти, кои сакаат безгрижно да уживаат на снежните патеки.
„Како лидери на пазарот на здравствено патничко осигурување континуирано се обидуваме да понудиме производи, кои што обезбедуваат поголема вредност и заштита. Нашата цел е да понудиме осигурување, кое што на клиентите им обезбедува слобода и сигурност. Со Travel Smart и Travel Smart Plus креиравме решенија, кои што ја следат динамиката на денешните патници и кои што се флексибилни, современи и создадени да се прилагодат на различните потреби и стилови на патување. Веруваме дека клиентите ќе ја препознаат вредноста на зголемената заштита, едноставниот пристап и можноста сами да го моделираат своето осигурување,“ истакна Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување.
Со оваа понуда, Триглав Осигурување ја зајакнува својата позиција како компанија која нуди современи осигурителни решенија, прилагодени на потребите на клиентите и нивните реални потреби, при што процесот на купување е едноставен, брз и целосно достапен онлајн.
Повеќе информации за новата понуда во домен на здравствено патничко осигурување можат да се добијат на следниот линк.
Здравственото патничко осигурување може да се склучи онлајн тука.