Бизнис
БРОЈОТ НА ИНДУСТРИСКИ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА НАМАЛЕН ЗА 3,6 ОТСТО, намалување има во 15 индустриски групи, во производството на автомобили за 9,8 отсто
01.12.2025
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 % во октомври 2025 во однос на октомври 2024 година. Бројот на работниците во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2,8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 %, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2,1 %, Капитални производи за 5,6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4,6 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, се намалил за 3,6 %. Во овој период намалување на бројот на работници има во 15 групи на индустриско производство. Намалувањето на бројот на работниците во производство на моторни возила, приколки и полупшриколки изнесува 9,8 отсто.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил за:
- 2,8 % кај рударството и вадењето камен
- 2,9 % кај преработувачката индустрија
- 1,0 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација