Финансии / Банкарство
УЈП подготви водич за пријавување и оданочување на доходи остварени од странство од страна на физички лица
01.12.2025
Управата за јавни приходи изготви водич за пријавување и одданочување на доходи остварени од странство. Согласно Законот за данок на личен доход, физичките лица, резиденти на државата, кои остваруваат доход од странство имаат обврска да го пријават преку системот е-Даночни услуги.
Обврска за пријавување на доходот имаа сите физички лица кои оствариле приливи од странство по основ на доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс), доход од закуп (вклучително и преку платформи како Airbnb и Booking.com), капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и др.), доход од капитал (дивиденди, камати, други финансиски приходи), авторски права, добивки од игри на среќа,
и друг вид доход.
Приливи од странство кои не подлежат на оданочување се приливите добиени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или трансфери преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси.
Сите детаи за ова одданочување може да се најдат на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170
Практичното упатство за начинот на пополнување и плаќање на пресметката може да се види преку следниот линк https://youtu.be/9P7RjC-Zjc8.
Извор/фото МИА