Финансии / Банкарство

Словенците чуваат повеќе од 3 милијарди евра во странство

Според прелиминарните податоци од Финансиската администрација на Република Словенија, словенечките граѓани минатата година имале дури 456.960 отворени банкарски сметки во странство, што е мало зголемување во споредба со претходната година. Речиси 90% од тие сметки се наоѓаат во само пет земји.

Словенците чуваат најмногу средства или 28,5% од вкупниот износ  на сметки во Австрија, по што следуваат Швајцарија (17,8%), Германија (11,5%), Унгарија (8,2%) и Италија (4,1%). Според најновите достапни податоци од крајот на 2023 година, физичките лица поседувале повеќе од три милијарди евра во странство, во споредба со 2,8 милијарди една година претходно.

Од 2018 година, Словенија автоматски разменува податоци за финансиски сметки со други земји секоја година.  Финансиските институции добиваат информации за состојбата на сметките, приходите од камати, дивидендите и вкупниот бруто приход генериран преку тие сметки.

Податоците покажуваат дека најголем број сметки се отворени во Литванија, Германија, Австрија, Ирска и Кипар, каде што се концентрирани дури 87% од сите сметки на жители на Словенија, пренесува Инвеститор.ме.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано