Економија
Брзата пруга Будимпешта - Белград ќе биде пуштена на 20 февруари
04.12.2025
Железничката линија Белград-Будимпешта ќе биде отворена на 20 февруари, објави денес министерот за градежништво и транспорт Јанош Лазар. За време на сослушувањето пред парламентарниот Комитет за економски прашања, тој рече дека не може да ги открие условите на договорот за заем со кинеските партнери за изградба на оваа железница бидејќи, како што изјави, тоа е „деловна тајна што може да се објави само со согласност на двете страни“, објавува германско-унгарскиот весник „Будимпешта Цајтунг“.
Според него, работите во Унгарија „напредуваат со добро темпо“, особено по забрзувањето на градежните активности во изминатиот период, а во Србија се завршени делницата Белград-Суботица и српскиот дел од железницата Белград-Будимпешта.
„Возовите на линијата Белград-Будимпешта низ Унгарија треба да сообраќаат со брзина до 160 километри на час“, рече унгарскиот министер.
Според него, неодамна одобрениот заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) од речиси 800 милијарди форинти (околу 2,1 милијарди евра) ќе овозможи спроведување на проектот за обновување на унгарската железничка инфраструктура, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис