Бизнис

АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ВОЗАТ ПО НАЈНИСКА ЦЕНА НА БЕНЗИНОТ ОД 2021 ГОДИНА!

Цената на бензинот во САД падна на најниско во последните години. Според податоците од Американската автомобилска асоцијација (AAA), во вторникот просечната цена на бензинот падна под три долари за галон за прв пат по четири и пол години. Овој податок е ретка позитивна вест во повеќегодишната криза на достапност на основните потреби, објавува Ројтерс.

Националниот просек за обичен бензин изнесуваше 2,998 долари за галон. Цените на горивата на  бензинските пумпи паднаа за околу шест центи во текот на изминатата недела и се под 3 долари за прв пат од мај 2021 година. Бензинот сега е малку поевтин отколку во истиот период минатата година, иако малку, кога просекот беше 3,05 долари.

Од ААА велат дека 18 држави имаат просек под 2,75 долари, вклучувајќи ги Ново Мексико, Јужна Каролина, Висконсин, Ајова и Колорадо.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги направи пониските цени на енергијата централна тема на својот втор мандат, ветувајќи дека ќе ги одржи цените на горивата ниски преку дерегулација и политики за поддршка на фосилните горива. Неколку дена по почетокот на својот втор мандат, Трамп ги повика Саудиска Арабија и ОПЕК да го зголемат производството.

Главната причина е што нафтата е значително поевтина отколку во претходните години. Во декември 2022 година, цената на американската нафта беше околу 81 долар за барел. Во истиот период минатата година, падна на околу 70 долари. Сега барелот се продава за само 59 долари, пренeсува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО