Општество
Препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје
04.12.2025
Град Скопје денеска информира дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор предложила неколку препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во пресрет на зимската сезона.
- Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки: редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела; за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или каков бил синтетички материјал; да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци; печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовен сервис на котли, печки и клима уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи, се вели во објавата на Град Скопје објавена на Фејсбук.
Градот Скопје соопштува дека во наредниот период ќе следат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад.
Фото Економија и бизнис