Бизнис
СПРЕЧЕН ОБИД ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ НА 2000 КГ ФАЛСИФИКАТ ПРАШАК ЗА ПЕРЕЊЕ ШТЕТЕН ПО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
04.12.2025г
Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува правата од интелектуална сопственост.
Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на правото кој потврди дека предметниот прашак Ариел е фалсификат и со тоа ги повредува правата од интелектуална сопственост заради што е согласен за уништување на стоката.
Против сторителот по спроведување на постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секојдневните заложби на царинските службеници во сузбивање на нелегалната трговија и шверцот е многу важно со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување криумчарење на производи коишто се штетни за здравјето на граѓаните, како и заштита на животната средина од загадување предизвикано од неконтролиран хемиски состав.