Финансии / Банкарство

ЗАБРЗУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНИОТ ТРАНСФЕР НА БОГАТСТВОТО, се раѓа нов тренд меѓу младите милијардери!

Милијардерите до април годинава префрлиле 298 милијарди долари на своите наследници, што е најмногу од почетокот на мерењето на оваа статистика во 2015 година, објави денес швајцарската инвестициска банка UBS.

Во истиот период, дури 91 лице станале милијардери со наследување богатство, се додава во извештајот.

Новиот извештај покажува забрзување на глобалниот трансфер на богатството, при што UBS предвидува дека децата на милијардерите ќе наследат најмалку 5,9 трилиони долари во следните 15 години.

Истражувањето се базира на анкета на некои од супербогатите клиенти на банката UBS и база на податоци што го следи богатството на милијардерите на 47 пазари во сите региони во светот.

Се очекува голем генерациски трансфер на богатство пред сè во Соединетите Американски Држави, по што следат Индија, Франција, Германија и Швајцарија.

Милијардерите, особено помладата генерација, имаат тенденција да мигрираат, а нивните преселби би можеле да ја преобликуваат глобалната мапа на богатство. Младите милијардери бараат квалитетен живот, стабилност и безбедност. Даноците и геополитичките ризици значително влијаат врз нивните одлуки за тоа каде ќе живеат, каде ќе инвестираат и каде нивните наследници ќе ги продолжат своите семејни империи. Овие миграции можат драстично да ја променат глобалната распределба на богатството во наредните децении, изјави рече претставникот на UBS, пренесува Телеграф.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано