Економија
Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје, учеството на финалната потрошувачка во структурата на бруто-домашниот производ е 80,2 %
05.12.2025
Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје годинава бележи раст од 3,8 % во однос на истиот периот лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21,0 % и Информации и комуникации од 7,4 %.
Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26,1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31,1 % во третото тримесечје од 2025 година.
Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7,7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80,2 %.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3.6 %.
Фото Економија и бизнис