Вести
ИЗВЛЕЧЕНА ГРУПАТА ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ЗА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
05.12.2025г
Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците со кои би играла во групната фаза на Светското првенство во фудбал што ќе се одигра во САД, Мексико и Канада во 2026 година. Противници на нашата репрезентација се репрезентациите на Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја. Се наметнува впечатокот дека за нашата репрезентација потешко ќе биде да стигне до учество на Светското првенство од тоа да ја помине групната фаза. Иако би играле во група со една од репрезентациите домаѓини на првенството сепак би ги избегнале големите фаворити на првенството.
Во однос на другите извлечени групи, се чини дека две најтешките групи се групата Л со Англија, Хрватска и Гана и групата И со Франција, Сенегал и Норвешка. Може да се каже дека возбудата за претстојното Светско првенство во фудбал од вечерва дополнително ќе се зголемува.