Економија
ВО КОИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ СЕ ЗГОЛЕМУВА СТАПКАТА НА СИРОМАШТИЈА?
07.12.2025
Франција е меѓу ретките каде што стапката на сиромаштија се зголеми и покрај општиот напредок низ Европската Унија.Според најновите податоци на Евростат, Париз бележи зголемување од речиси два проценти од 2014 година на бројот на луѓе кои имаат „тешкотии“ или „големи тешкотии“ да сврзат крај со крај.
Освен Франција, во текот на последните 10 години стапките на сиромаштија се зголемија само во Северна Европа: Данска (+2,4 проценти), Финска (два проценти), Шведска (2,8 проценти) и, надвор од ЕУ, Норвешка (+4,7 проценти).
Многу земји од Источна и Јужна Европа ги намалија стапките на сиромаштија за десетици процентни поени. Кипар е лидер во ЕУ (-38 проценти), по што следуваат Хрватска (34,6 проценти), Унгарија (26,8 проценти), Бугарија (26,5 проценти) и Романија (21,8 проценти).
Вкупната стапка на сиромаштија во ЕУ сега е 17,4 проценти, што значи дека речиси две од 10 лица имаат сериозни тешкотии да живеат од своите приходи. Најновите податоци од Евростат претставуваат мало подобрување во споредба со 2023 година, кога стапката беше 19,1 процент, и подобрување од 10 поени во споредба со 2015 година (27,1 процент), пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис