Lifestyle
РУСИТЕ ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, драстичен пад на потрошувачката на алкохол во Русија
07.12.2025
По децении на прекумерна консумација, Русија бележи драстичен пад на потрошувачката на алкохол, достигнувајќи во ноември годинава ниво забележано за време на тешката економска криза од 1997–1998 година.
Според руските медиуми, просечната потрошувачка паднала на 7,63 литри по жител, продолжувајќи го трендот на намалување што започна во април.
Овие ниски нивоа последен пат биле забележани пред речиси четврт век, во период на сериозна економска нестабилност, кога просечната потрошувачка изнесувала 7,6 литри во текот на две години.
Разликите меѓу регионите се особено изразени. Северен Кавказ предничи во воздржаноста, а Чеченија е на последно место со само 0,11 литри по жител. Следуваат Ингушетија (0,63 литри), Дагестан (0,89 литри), Кабардино–Балкарија (2,16 литри) и Карачаево–Черкесија (2,59 литри).
Во урбаните центри сликата е поинаква. Просечен жител на Москва во ноември конзумирал 4,76 литри алкохол, додека во Санкт Петербург просекот изнесувал 6,28 литри. Највисока годишна потрошувачка е забележана во Свердловската област (10,34 литри) и Новосибирската област (8,35 литри).
Падот на потрошувачката на алкохол претставува значајна промена во навиките и културата на населението, а ефектите врз јавното здравје и економијата ќе можат целосно да се оценат во иднина. Засега останува неизвесно дали станува збор за краткотраен тренд или долгорочна промена во руското општество, коментираат локални медиуми.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис