Вести

Саем во Скопје, жичница од градот до средно Водно и нов владин авион, најави Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски  најави дека е можно Скопје наскоро да добие Саем, но и жичница од болницата во Козле до средно Водно.

Како што информира Томовски во гостување на „Сител“, се размислува и за набавка на нов владин авион зашто „Лирџетот“ е стар веќе 20 години, скап за одржување и е тотално некорисен.

-Останувам на ставот дека авионот треба да се промени. Треба да имаме соодветен авион согласно потребите на Владата и државата. „Лирџетот“ има шест седишта и тотално е некорисен, користи репарирани делови зашто оригинални не се произведуваат, често е подлежен на поправки и сега, од следната недела, повторно ќе оди во Германија на сервис. Всушност, двојно ги надминува нашите проценки за тоа колку не чини годишно. Како да одржуваме олд тајмер. Постапката за нов авион не е почната, но има заинтересирани компании кои донеле до нас понуди. Ние се уште немаме ништо одговорено. Прво треба да се формира работна група, а мој предлог е во неа да има и дел од министрите. Да видиме што е најевтино, најкорисно и најсоодветно за државата. Земјите околу и во светот, генерално, имаат авиони со над 12 - 13 седишта. Мислам дека оваа година ќе почнеме да формираме работна група за изнаоѓање оптимално решение, истакна Томовски.

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија, пренесува МИА.


 

 Фото Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано