Финансии / Банкарство

ФЕД ГИ НАМАЛИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Федералните резерви на САД повторно ги намалија каматните стапки во континуиран обид да не му наштетат на пазарот на трудот, и покрај приговорите од неколку клучни претставници на Федералните резерви кои веруваат дека приоритетите треба да бидат фокусирани на намалување на трошоците за живот.

Мнозинството членови на Федералните резерви гласаа за намалување на референтната каматна стапка за четвртина процентен поен по трет пат по ред, на опсег помеѓу 3,5 и 3,75 проценти, што е најниско ниво за повеќе од три години, објавува CNN.

Овогодишното намалување на стапката беше одговор на растечките знаци за слабеење на пазарот на трудот, вклучително и невообичаено бавниот раст на вработеноста.

Состанокот за монетарната политика овој месец беше особено контроверзен, бидејќи тројца претставници на Федералните резерви гласаа против одлуката на мнозинството за намалување на каматните стапки.

Службениците на Федералните резерви предвидоа само едно намалување на каматните стапки следната година, според штотуку објавените квартални проекции, но тоа може да се промени во зависност од економските индикатори, пренесува Данас.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано