Финансии / Банкарство

Финансискиот план на МАПАС за 2026 го помина собранискиот комисиски филтер

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска едногласно ги изгласа Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и согласноста за Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2026 година.

Претставникот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Ментор Јакупи истакна дека планираните приходи за 2026 година изнесуваат 124 милиони и 500 илјади денари, од кои 112 милиони денари се од надоместоци од пензиските друштва, четири милиони денари од административни надоместоци и приходи од камати во износ од 8 милиони и 500 илјади денари. 

Планираниот износ на приходи од пензиските друштва од 112 милиони денари се очекува да се реазлизира со наплата на месечен надомест на пензиските друштва во висина од 0,6 % од вкупните придонеси уплатени во претходниот месец во секој пензиски фонд со кој управува пензиското друштво. 

Во однос на расходите тие се планирани да бидат 124 225 000, за повеќе работи меѓу кои и набавка на софтвер, организирање на настани за зголемување на свеста на граѓаните со повеќе институции и друго. 


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано