Финансии / Банкарство

ТРИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ИМААТ НАЈДОБРИ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМИ, НАЈДОБРА Е...

Пензиските системи на Холандија, Исланд и Данска повторно, како и во 2024 година, се на водечките места во светот според Глобалниот пензиски индекс на Институтот Мерсер ЦФА.

Глобалниот пензиски индекс (MCGPI) ги споредува пензиските системи низ целиот свет и предлага потенцијални области за реформи за да се обезбедат посоодветни  пензии со висок степен на одржливост. Вкупниот резултат на MCGPI за 2025 година е значително подобрување во обезбедувањето глобално пензиско осигурување: осум земји го подобрија својот рејтинг во споредба со претходната година, а ниту една не беше намалена. Холандија сè уште го има најдобриот пензиски систем во светот, по што на листата следат Исланд, Данска, Израел и Сингапур, кои за прв пат добија оценка А, единствената земја во Азија, покрај Израел, што постигна оценка на тоа ниво. Овој индекс ги оценува земјите според три критериуми: адекватност, одржливост и интегритет.

Адекватноста се однесува на владина поддршка, бенефиции и средства за раст; одржливоста ја разгледува врската помеѓу демографските индикатори и економскиот раст, националниот долг и јавните расходи; додека интегритетот ги анализира комуникациите, управувањето и оперативните трошоци.

Меѓу првите петнаесет земји се пензиските системи на Шведска, Австралија, Чиле, Норвешка, Швајцарија, Велика Британија, Уругвај и Хонг Конг. Земјите оценети со Б+ или Б се идентификувани како земји со пензиски системи со здрава структура и „многу добри карактеристики“, но исто така и со потреба од подобрување, што ги разликува од системите со оценка А.

Холандскиот пензиски систем се базира на три модели, т.е. столбови: државниот пензиски систем, според Законот за општи старосни пензии - Algemen Ouderdomswet (AOV); приватен и високо развиен пензиски систем кој се состои од колективни пензиски шеми поврзани со индустриски гранки или компании каде што работодавачот им плаќа на своите вработени месечен пензиски фонд; и на индивидуалната приватна пензија, како трет столб.

Вкупната пензија се акумулира од сите три извори. Холандија има една од највисоките возрасти за пензионирање - 67 години, која ќе продолжи да се зголемува: во 2028 година ќе се зголеми на 67 години и три месеци, а за мажите и жените родени по 1 јануари 1999 година, очекуваната возраст за пензионирање ќе биде 70 години. Од 1 јули оваа година, целосната државна пензија за корисниците кои живеат сами е 1.612,44 евра бруто и 1.238,96 евра нето, а за пензионерите кои се во брак или живеат со друго возрасно лице, државната пензија изнесува 1.103,97 евра бруто, односно 848,41 евра нето.

Пензионерите кои живеат во Холандија, исто така, добиваат надомест за одмор кој изнесува 100,39 евра бруто месечно за самци, или 71,71 евра бруто за оние кои живеат во заедница со некого. Регресот за одмор се исплаќа секоја година во мај, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано