Економија
ЈУЖНА КОРЕЈА СО АМБИЦИИ ДА СТАНЕ ЛИДЕР ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА НАПРЕДНИ ЧИПОВИ
14.12.2025
Јужнокорејската влада откри амбициозен план за инвестирање на повеќе од 5,3 милијарди евра во формирање на најголемиот регионален кластер за напредни чипови и вештачка интелигенција.
Претседателот Ли Џе-мјунг изјави дека земјата ќе направи сè за да ја доближи земјата до врвот на глобалната полупроводничка индустрија, со јасна порака дека целта е да стане втор најголем играч во светот.
Ли, за време на состанокот со четириесет лидери на технолошки компании во Сеул, објави дека владата подготвува конкретни мерки со кои ќе се отстранат бирократските сопирачки за големи технолошки инвестиции.
Сегашните регулативи, кои го одделуваат финансискиот и индустрискиот капитал, се оценети како застарени во новата ера на развој на вештачката интелигенција, па затоа се најавени институционални промени кои треба да овозможат побрз раст на технолошкиот сектор, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис