Општество
На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
16.12.2025
Голем промотивен настан под наслов: „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“ ќе се одржи во петок, 19.12.2025 година, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во програмата на Македонско радио – Радио Скопје,
Министерот појасни дека стратегијата се базира на четири столба, а целта на конференцијата е да се разјаснат приоритетите, институционалните обврски и очекувањата до 2030 година: Обезбедување современа, брза и достапна ИКТ инфраструктура; Јакнење на дигитални вештини кај граѓаните за полесно користење дигитални услуги; Модернизација и дигитализација на јавните услуги, процес кој веќе активно се спроведува; и Поттикнување иновации и развој на вештачка интелигенција (ВИ).
Андоновски упати отворена покана до сите заинтересирани граѓани, институции, и експерти да присуствуваат на конференцијата и да се запознаат со акцискиот план на стратегијата за дигиталната трансформација до 2030 година.
Фото Економија и бизнис