Општество

Одложен изборот на најдобрите спортисти за 2025

Министерството за спорт информира дека манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти за 2025 година“, која беше планирана да се одржи утре се одложува. Причината е доставувањето на дополнителни спортски остварувања во текот на декември.

- Ве информираме дека манифестацијата Избор на најдобрите спортисти за 2025  година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 година во НОБ во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт, се одложува поради доставување на дополнителни спортски остварувања во месец декември. Работната група за спроведување активности при организација на манифестацијата, заради транспарентен и фер однос кон сите спортисти и спортски работници, оцени дека доставените резултати треба соодветно да се вреднуваат и овие спортисти да бидат рамноправно вклучени во номинациите, стои во соопштението од министерството.

Оттаму дополнуваат дека изборот на најуспешните спортисти за 2025 со дополнети номинации ќе се одржи во месец јануари 2026.

- Во иднина, сите наредни избори ќе се организираат по завршувањето на календарската година, дополнуваат оттаму. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано