Финансии / Банкарство
ИНФЛАЦИЈА ОД 2,2 ОТСТО И РАСТ ОД 2,4 ОТСТО, грчките пратеници го изгласаа буџетот за 2026 година
16.12.2025
Со 159 гласа „за“, од кои 156 од владејачката Нова демократија и три од независни пратеници, грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2026 година со што и заврши петдневната расправа што започна во петокот, а гласањето, традиционално во Грција се смета како глас за доверба на актуелната Влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Гласаа 295 од вкупно 300 пратеници, а против беа сите опозициски партии.
Буџетот, меѓу другото предвидува раст од 2,4 отсто, дополнително намалување на невработеноста на 8,6 проценти, зголемување на инвестициите, намалување на инфлацијата на 2,2 отсто, пренесува МИА.
Фото Економија и бизнис