Бизнис
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
17.12.2025г
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово оваа година го одбележува својот значаен јубилеј – десет години работа, развој и континуиран придонес во дигиталната трансформација на регионот. Декада во која компанијата се позиционира како незаменлив партнер на локалните бизниси, носејќи ги најсовремените глобални технолошки решенија и претворајќи ги во реална вредност на локалниот пазар.
Од првиот ден, Инграм Микро делува со јасно дефинирана цел: да го поврзе светскиот технолошки напредок со потребите на компаниите во Македонија, Албанија и Косово, и да биде партнер, а не само дистрибутер.
Во изминатите десет години, компанијата изгради модел што се темели на глобална поддршка, силна локална експертиза и луѓе кои се носители на знаење, интегритет и професионална зрелост. Тоа е основата на стабилноста која ѝ овозможи да стане двигател на технолошкиот развој во регионот и да создаде цврста партнерска мрежа во која се нудат комплетни решенија – од инфраструктура и cloud, до сајбер-безбедност, сервис и едукација, со кои се поддржува растот на партнерите, а со нив расте и самата компанија.
„Најјасната потврда за овој напредок е исклучителниот десеткратен раст на годишниот приход. Во 2015 година, кога Инграм Микро ги постави своите темели во регионот, приходот изнесуваше околу 4,5 до 5 милиони долари. Денес, во 2025 година, тој надминува 40 милиони долари – резултат што ја отсликува силата на создадената доверба, инвестициите во знаење и развој, како и стабилната ИТ-заедница која се гради непрекинато“, истакна генералниот директор на Инграм Микро за Македонија, Албанија и Косово, Филип Силјановски.
Тој нагласи дека клучниот фактор зад овој успех се луѓето – тимот што останува, што го негува континуитетот и што ја носи организациската меморија, вредностите и професионализмот.
„Десетгодишната лојалност на дел од вработените е доказ за силната корпоративна култура, за взаемната доверба и за чувството на припадност кон компанија што вложува во својот кадар преку постојана едукација, сертификација, учество во регионални и глобални проекти и можности за напредување“, потенцираше Силајновски.
Во чест на јубилејот, Инграм Микро додели признанија на вработените кои се дел од компанијата од самите почетоци: Кристина Муловска, Ангел Сарбаков, Дончо Дончевски, Весна Симоновиќ Павичевиќ, Орак Сејфула, Маја Ристова, Јован Маневски, Александар Нешковски, Артан Ресули, Шереф Нишлиу и Филип Силјановски. Нивната посветеност претставува основа на растот и развојот на Инграм Микро во изминатата деценија и симболизира што значи да се гради силен, стабилен и долгорочен бизнис.
Компанијата го потврди и значењето на партнерствата – едни од најважните двигатели на регионалниот успех. Признанија за исклучителна соработка добија компаниите SAGA, Axians Macedonia, Boson Solutions, InTec System, Макпетрол Центар DELL и Семос. Овие компании, секоја на свој начин, придонесуваат кон техничката стабилност, оперативната извонредност, квалитетните имплементации и создавањето одржлива ИТ-заедница. Партнерства изградени врз доверба, заеднички цели и јасна ориентација кон резултат.
Со десет години зад себе и силни столбови врз кои продолжува да гради, Инграм Микро останува посветен на својата мисија – да го забрзува развојот на локалниот ИТ-пазар, да создава вредности за партнерите и да продолжи да ја носи технологијата таму каде што создава најголем импакт.