Бизнис
Бензините поевтинуваат за два денара
18.12.2025
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а Мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 6,021 отсто, кај дизелот за 3,929, кај екстра лесното масло за 3,168 и кај мазутот за 0,401 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378 отсто.
Фото Економија и бизнис